Dialog Box

Macedonian – македонски

About Palliative Care in Macedonian

Audio information in Macedonian about palliative care Што е палијативна нега?


Што е палијативна нега?

Палијативната нега им помага на лица со неизлечлива болест да го имаат најдобриот можен квалитет на живот. Таа им е достапна на сите – од било која возраст, раса, култура, потекло или вера, и повеќето услуги се бесплатни.

Во зависност од вашите потреби, палијативната нега може да вклучува:

  • Примање лекарства и други терапии за да се намали вашата болка и да се контролираат симптомите
  • Поддршка за членовите на вашето семејство
  • Помош и опрема за да можете удобно да живеете дома, кога тоа е можно
  • Помош за да се задоволуваат вашите духовни, верски или културни потреби
  • Редовни посети од здравствени работници и други доставувачи на нега

Ако изберете палијативна нега, тогаш можете да зборувате за вашите лични потреби, да поставувате прашања и да барате одредени работи за да ја добивате најдобрата можна нега.

При користењето на палијативна нега, заболеното лице и неговото/нејзиното семејство секогаш го имаат последниот збор при донесување на одлуки за неговото/нејзиното здравје, медицинските третмани и благосостојба.

Палијативната нега не значи крај

Палијативна нега можете да користите во било кое време додека боледувате, таа не е наменета само за лицата кои се при крај од животот. Ако користите палијативна нега, тоа не значи дека надежта е изгубена, дека сте се ‘откажале од животот’ или дека вашите семејства не се грижат за вас. Можете да продолжите со лекувањето додека истовремено добивате палијативна нега.

Можете да користите природни терапии (пр.,масажа, акупунктура) или традиционални лекарства и палијативна нега во исто време.

Кој може да биде вклучен во давање на палијативна нега?

Во тимот за палијативна нега можат да бидат вклучени вашиот доктор, доктори специјалисти, специјализирани медицински сестри, физиотерапевти, верски или духовни советници и други лица.

Каде можам да добивам нега?

Во зависност од вашите потреби и други фактори, можете да добивате нега во вашиот дом, во општа болница, одделение или болница за тешко болни лица, или во други установи за нега (пр., старски дом). Негата во општа болница или болница за тешко болни лица обично е краткотрајна и е наменета да се намалат вашите симптоми и болка за да можете да се вратите дома, ако тоа е можно.

Дали треба да платам за негата?

Повеќето услуги се бесплатни, меѓутоа можеби ќе треба да се плати за опрема или лекарства. Распрашајте се во локалната служба за палијативна нега за да знаете дали ќе има трошоци.

Како може службата за палијативна нега да му даде поддршка на моето семејство да се грижи за мене?

Палијативната нега исто така му помага на вашето семејство кое се грижи за вас. Помошта може да вклучува:

  • Помош при закажани лекарски прегледи или други средби
  • Помош со која важето семејство ке се оспособи да ви ги дава вистинските лекарства и нега
  • Поддршка со која ќе се задоволуваат нивните потреби
  • Одмор од негувањето
  • Помош при организирање на финансиска и правна поддршка
  • Поддршка и советување после работното време

Што да направам ако сакам да зборувам на мојот јазик?

Ако се чувствувате подобро кога зборувате на вашиот јазик, известете ги за тоа во службата што ви нуди палијативна нега. Во повеќе случаи, може да се организира бесплатен преведувач


More Information

Macedonian / English - INFORMATION ABOUT PALLIATIVE CARE - палијативна нега
A hard copy of this brochure is available at no charge and can be requested by completing the order form HERE.

DOWNLOAD 


GLOSSARY OF TERMS - Macedonian – македонски

DOWNLOAD

Video About Palliative Care in Macedonian

A video in Macedonian about palliative care and the help available for a person with a serious illness and their family. 

Donate